ЗА НАС
Зоран Дерновшек е роден на 27 Јули 1959 во Словенија. Тој дипломирал на електро техничката школа, а подоцна бил професор во школата за наука и технологија. По осамостојувањето на Словенија од СФРЈ, тој дипломира од офицерската воена школа, а подоцна се дошколува и на неколку универзитети во Словенија и Обединетото Кралство (администрација, право, MBA, финансии, итн.). Од 2001 година тој работи како консутлант во семејните компании (бизнис, финансии, даноци и проект менаџер), исто така тој работи и во сферата на екологијата. RENS е пронајден во 2014 година и потекнува од изумот VINS (кој е изум на г-динот Дерновшек, за отстранување на мирис на постелки за животни), чиишто развој започна во 2011 година.
Зоран е иноватор и пронаоѓач, уште од рана возраст, кога на 12 години пронаоѓа решение на една од добро познатите загатки „Архимедовата загатка“ (квадрирање на кружницата), објавена во научното списание „Пресек“. Поради честите присвојувања на неговите изуми од страна на државата во бивша Југославија и подоцна и во Словенија, тој во Јули 2012 заедно со своето семејство ја напушта Словенија и се сели во Италија, каде живее и работи до денешен ден.
RENS e класифициран во фитофармацевтски и микробиолошки суплемент, за оптимална употреба Зоран има помош од неколку медицински доктори, фито-фармацевти и микробиолози во неговиот тим, кои го советуваат за различните аспекти на RENS.
Како долгогодишен аматерски атлета, тој имал секогаш блиски средби со спортската медицина, чиешто знаење во последната година е значително зголемено, за што има сознанија дека постојат огромни потенцијали за употреба на RENS суплементот во ова поле.
Контакт: info@rens.mk